Тензиите да завршат како аболицијата за Ламбе Арнаудов, поради „техничка грешка“ !?

од desk3
212 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки, соопшти денеска партијата.

VMRO-DPMNE-Zgrada

– Одлуката на претседателот Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки. Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудиме нашиот предлог, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ лиферувано изутринава.

По ова соопштение на владејачката партија, се огласија и од СДСМ. Од таму соопштија:

114627Screenshot_5

“Кризата во Македонија ја создаде токму криминалната банда којашто не само што ги крадела парите на граѓаните туку и нивните гласови преку криминален избирачки список и бројни злоупотреби. ВМРО-ДПМНЕ не може да ги лаже граѓаните.
Бидејќи Иванов и Груевски се тим, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нека го повикаат Иванов да ги поништи, односно да ги отповика сите одлуки за помилување. Идентично како што ја поништи аболицијата за Ламбе Арнаудов, поради „техничка грешка“.
Ставот на СДСМ е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14.04.2016 и одговорност на сите за сторениот криминал.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки.
Во Македонија не смее да има “недопирливи граѓани” и “обични граѓани од втор ред”!
Правдата мора да победи и ќе победи.
За Македонија се работи!
Нелегитимниот Ѓорге Иванов, којшто е поставен на функцијата на криминални и нелегитимни избори, мора да замине и тоа веднаш!”

Денеска пак амбасадорите на САД и ЕУ се на средба со првиот интегративец Ахмети. Темата е разрешување на политичката криза по аболицијата.

Владата заседавала ноќеска без министрите на СДСМ?

На својот ФБ профил Ахмети напиша:

“„Штотуку ја завршив заедничката средба со амбасадорите на САД и на Европската Унија во Македонија, г-дин Џес Бејли и г-дин Аиво Орав. Ние интензивно работиме за решавање на ситуацијата во корист на граѓаните и да се стави крај на оваа криза која ја влошува и преставува закана за безбедноста, стабилноста, благосостојбата, економијата, и евро-атлантската интеграција”