Претседателите на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев денеска имале средба од половина час на која разговарале за актуелната ситуација, за општата амнестија на политичарите кои ја потпиша претседателот Ѓорге Иванов и негова оставка.
ЕУ по распишувањето на изборите: Последните случувања фрлаат сомнеж за веродостојни избори!
Ставот на двете партии е дека одлуката за аболиција од претседателот Иванов треба да биде отповикана.
Лидерот на ДУИ денеска ја потпишал и Иницијативата за отповикување на Иванов од претседателската функција.
Ахмети денеска претходно се сретнал со амбасадорите на САД, Џес Бејли и на ЕУ, Аиво Орав.
