Без Чичаковски и членовите на СДСМ, 6 члена на ДИК изгласаа дека има услови за избори на 5 јуни

од desk3
148 прегледи

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ и без присуство на членовите на опозицијата донесе одлука дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни.

дикк

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев ја напуштија седницата пред да почне гласањето. Останатите едногласно изгласаа дека постојат услови за организирање на кредибилни избори на 5 јуни.

Одлуката доаѓа на барање на меѓународниот фактор ДИК да излезе со конечен став околу тоа дали се исполнети условите за избори. /МИА