(ВИДЕО) ГДОМ: На 5 јуни народот ќе го каже своето

од desk3
171 прегледи

Неколку илјади граѓани се собраа на улицата Jордан Мијалков од каде почна протестниот марш на граѓанското здружение ГДОМ и нивните поддржувачи против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

13016643_1055856024486256_515539747_o-860x680

Пред почетокот на маршот се обратија актерот Тони Мухајлосски, аналитичарот Александар Пандов, поранешниот фудбалски репрезентативец Зоран Бошковски – Чоко.

– Се собравме тука, затоа што македонскот народ сака да им порача на оние кои што сакаат да не растурат дека, на власт може да се дојде само на демократски начин, преку избори – рече Михајловски, додавајќи дека никаде во светот не видел поубава земја, народ, јазик и песна.

Пандов, пак парача дека трет ден по ред се собираат за да покажат дека протести можат да се организираат на мирен начин со ора, песни и ширење на љубов.

– После два дена неизвесност, денеска добивме убава вест дека изборите се закажани за 5 јуни, народот тогаш ќе го каже своето – рече Пандов.

Зоран Бошковски пред насобраните граѓани рече дека по осамостојувањето на Македонија, македонските спортисти и фудбалери гордо ги бранеле, ги бранат и ќе ги бранат боите на земјата.

По говорот на Бошковски, Пандов ги повика насобраните граѓани со мирен марш да се упатат кон седиштето на СДСМ.

 

МЕТА