Бојко го кажа терминот, Македонија е во “хибридна војна”…!?

од desk3
222 прегледи

Последниве политички случувања во Македонија се најдоа на дневен “тапет” на светските настани… Со аболицијата Иванов ги загрижи Западните земји, потоа ги дозагрижи со тоа што и тој се придружи на реториката на власта дека Македонија ја дестабилизира странскиот фактор, за на крај денеска да каже амбасадорите да внимаваат како се однесуваат во земјава, што е првпат за 25 год. независна Македонија некој политичар да употреби таква реторика против сојузниците, нели државата аспирира за НАТО и ЕУ…

gruevski-ivanov-540x407
А вчера најголемото изненадување го направи Русија кога на офцијалната страна на своето МНР објави коментар со кој директно ја обвини опозицијата дека со поддршка на Западот се обидува да ја сруши “легитимната власт” и да предупреди дека евентуланото “украинско сценарио” во Македонија ќе го дестабилизира целиот Балкан.

CgGj5p8XEAAFwy9-300x169
Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Притоа, одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст. Сметаме дека е недозволиво да се разнишува кревката ситуација во Македонија поврзана со комплициранa етничка и верска структура на земјата. Активирање на „украинското сценарио“, надворешно инспирирање на незаконски дејствија и на државни удари може да доведе до сериозни потреси во Македонија, како и до дестабилизирање во целиот Балкански регион.“- стоеше во коментарот на МНР на РФ.

Ама да потсетам неколку часа претходно Груевски од партискиот прес центар му порача на Заев: “Додека стојам нема да ти дозволам “украинско сценарио””

И да слободно може да се каже дека Русија барем информациски застана на страната на власта и Груевски.

борисов
И да се вратиме на веста од вчера со која бугарскиот претседател Бојко Борисов ја опиша состојбата во Македонија и го употреби терминот “Хибридна војна”.

“Тоа е нешто за што сум исклучително вознемирен и крајно загрижен. Дури мислам дека и во Бугарија во последните денови како ги набљудувам процесите – не сакам да влегувам во термините: хибридни војни или сајбер напади – но си врзуваат неколку работи околу – настаните во Македонија вчера, во Грција, некои процеси кои во Србија ќе се случуваат, сé уште не ми се точно јасни , но бидејќи имаме барање во службите за таму – ми даваат причина да сум загрижен “, рече Борисов.

Да терминот терминот “Хибридна војна”!?

И го “прогуглав” термиот хибридна војна за да ја видам неговата дефиниција барем во НАТО калсификациите . И не најдов конкретна дефиниција но го најдов следново:

“Поимот “хибридна војна” се појави барем уште во 2005 година, а потоа беше искористена за да се опише стратегија се користи од страна на Хезболах во Либан војна во 2006 година. Оттогаш, терминот “хибрид” доминираше во поголемиот дел од дискусијата за современите и идните војни, до точка каде што е усвоен од страна на високи воени лидери и да се промовира како основа за современите воени стратегии.

NATO

Главното обележје на дебатата е дека модерните противници употребуваат конвенционални / неконвенционални, редовни / нередовни, отворени / тајни средства и ги користат сите димензии на војната за борба протов Западната супериорност во конвенционалната војна. Хибридни закани го користат “целосна спектар” на модерното војување; тие не се ограничени на конвенционален начин.
Повеќето, ако не сите, конфликти во историјата на човештвото се дефинирани со употреба на мерки кои ги користат слабостите на противникот, што ќе доведе до комплексни ситуации кои вклучуваат редовно / нередовни и конвенционални / неконвенционални тактики. Слично на тоа, порастот на сајбер војувањетофундаментално ја промени природата на војување, но се прошири неговата употреба во една нова димензија.”-пишува NATO Review магазинот.
И се враќам назад на тврдењата на Бојко Борисов, во чија земја исто така се дебатира за “хибридна војна ” од страна на Русија  каде дури имаат формирано и собраниска комисија за да го истражува тоа, за да поставам неколку дилеми

RTR1SRON-putin-phone-4x3

Се поставува прашањето: Дали Русија можеби свесно влезе во војната во Сирија за да содаде бран бегалци кон ЕУ за да раскара државите внатре и за да и врати за Украина и да и причи економски штети за да и ги повлечат санкциите?

Ете, Европа се раскара внатре за прераспределбата на бегалците, се зајакнаа националистичките и популистички структури внатре, и на крај падна договорот со Турција само за да се прекине протокот на бегалци. И да, Македонија е последната граница за бегалците кон Европа која не ги пушта.

И како што Борисов спомена, а кој ги организира бегалците да напаѓаат на македонската полиција и армија за да ја урна границата и за да влезат во Европа? Можеби руски служби инфилтрирани меѓу хуманитарците и бегалците?
Сомнително, и има доста шанси да е така…

gruevski-putin

 

Ама има уште едно побитно прашање безбедносно прашање за ЕУ:

Русија знае дека во Македонија има криминален режим кој има истиснато многу пари во странство. Може да им понудила поддршка (а по соопштението е евидентно дека им понудила) на Груевски и на власта во борбата против опозицијата, но и да им ги згрижи истиснатите пари во руски банки за да неможе западот да им ги блокира!?

Овие пак за против-услуга да треба да предизвикаат хаос во државата, бегалците да ги пробијат гранците да тргнат кон ЕУ, или пак своеволно да ги отворат границите и со тоа да направат уште еден внатрешно-политички и безбедносен проблем на Унијата!?

Потоа Русија да им овозможи на претставниците на власта засолниште и уживање на украдените пари!?

А другата варијанта пак останува Русија да има интерес преку опстојувањето на ваквиот режим во Македонија да ја прошири својата сфера на влијание и во Македонија, кога веќе ги има Србија и Српска во БиХ…

И на крај се поставува прашањето: Дали преку слабите балкански државички (секоја одделно) Русија се обидува со употреба на мигрантите да продолжи да ја руши ЕУ од внатре!?
Овие тези не се лесни за докажување, не можат да ги докажат ни воените експерти на НАТО, но македонските домашни служби, регионалните, но и западните служби треба да размислат за сите аспекти на специјалната војна преточена во “хибридна војна”,а можеби на која сме ние жртви….

 

ФЃ