За денеска во 18 часот пред седиштето на СЈО во Скопје повторно е закажан протест на против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни.
Вчера пак Државната изборна комисија со шест гласа „за“ и без присуство на членовите на опозицијата донесе одлука дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев ја напуштија седницата пред да почне гласањето. Останатите едногласно изгласаа дека постојат услови за организирање на кредибилни избори на 5 јуни.
Одлуката доаѓа на барање на меѓународниот фактор ДИК да излезе со конечен став околу тоа дали се исполнети условите за избори.
Масовните протести, кои веќе 4 дена ја тресат македонската политичка сцена, ги организира граѓанската иницијатива Протестирам / Нема правда – нема мир.
