Заев: Спасовски и Ременски не одат во министерските кабинети

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Владата повторно му ги одзеде сите ингеренции на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а ваквата одлука според СДСМ била донесена на итна седница на Владата.

Заев синоќа во интервју за 24 Вести потврди дека министрите не одат веќе на работните места оти, како што рече, станало беспредметно.

spasovski_remenski

– Тие прво со распуштањето на парламентот останаа заробени во владата бидејќи немаше кој да им ги потврди оставките. Но сега, после ваквите ноќни и полноќни операции нема повеќе да одат на работа.

– Знаете, тие сега по поништување на решенијата практично се сами во кабинетите. Министерот, на пример, треба да потпише прелети на хеликоптерите заради имигрантите, како и кој тоа ќе му го подготвува. Затоа, тие можеби само ќе отидат од кабинетите да си ги земат своите работи и толку – рече Заев.

Оваа одлука ги укинува двата правилници кои Спасовски ги донесе минатиот понеделник, односно на 11-ти април, затоа што Владата смета дека се поврзани со избори, а немале потпис од дополнителниот заменик министер Митко Чавков. Сега според лидерот на СДСМ Спасовски не може да донесе нови решенија, бидејќи официјално е предизборен период, па Заев вели дека кога одлуката на Владата ќе биде официјална министрите на СДСМ ќе го прекинат одењето во министерствата, пишува 24 вести.