Шилегов: Владата поништи 448 решенија донесени од министерот Спасовски

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Владата донела одлука со која се поништуваат сите 448 решенија кои ги донел министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во формулација која е надвор од законот се вели „се забранува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да носи било какви решенија од правна, финансиска и кадрова природа без притоа потписник да биде и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Чавков – изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во учеството во синоќешното издание на „Топ тема“ на телевизија „Телма“

silegov-top-tema

Според Шилегов, ова е вторпат Владата да поништува решенија кои ги донел министерот Спасовски./Мета.мк