ДИК расправа за барањата за податоци кои ќе ги испрати до институциите

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Членовите на Државната изборна комисија денеска имаат седница на која расправаат за предлог-барањата кои ќе ги испратат до институциите, кои согласно изборниот законик треба на комисијата да и ги достават сите податоци за гласачите кои таа ги бара.

DIK

На седницата се разгледуваат барањата за Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи, пишува Мета мк.

Исто така на Седницата се расправа и за предлог-роковникот според кој Комисијата треба да ги одреди сите рокови за завршување на постапките.

Членовите на ДИК на денешната седница ќе расправаат и за барањето до Министерство за надворешни работи да распише предвремени парламентарни избори и предлог-образецот за запишување, дополнување и бришење на податоците за гласачите кои ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва.

Денешната седницата ја води претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, кој пак вчера кога беше точката на гласање за тоа, дали избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, ја напушти седницата.

Заедно со него, вчерашната седница ја напуштија и членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев кои денеска не учествуваат на седницата и од ДИК немаат информации зошто се отстутни./Мета.мк