Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на протестите пред СЈО

од Vladimir Zorba
111 прегледи

1460823905125038-685x320

Вечерва пред просториите на Специјалното јавно обвинителство започнаа да се собираат граѓани за петтиот по ред протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари, како и против одлуката за распишување избори на 5 јуни, без исполнување на условите тие да бидат фер и демократски, информира а1он.

Зградата на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа веднаш до студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје.

На протестот се приклучи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев./извор а1он фото призма