Пред зградата на Владата на РМ, граѓаните скандираат „Нема правда, нема мир“, а притоа носат транспаренти „Никогаш повеќе ваква власт“, или „Бараме обвиниение за криминалот на власта“.
Грaѓaните пoрaчувaaт “Никoлa нa рoбијa” #Прoтестирaм pic.twitter.com/qhI9NSCBWW
— META.mk (@meta_agency) April 16, 2016
Граѓаните бараат Претседателот да ја повлече одлуката за аболиција и сите кои сториле некаков криминал да одговараат за тоа.
Пред Влада #протестирам #п pic.twitter.com/sNizpjnTNx
— META.mk (@meta_agency) April 16, 2016
Протестот е масовен, но ситуацијата е мирна. Демонстрантите испишуваат и пораки „Смрт на фашизмот, слобода за народот“.
Владата е под силно полициско обезбедување и нема инциденти.
Грaѓaните пред Влaдa извикувaaт Уa лoпoви #Прoтестирaм pic.twitter.com/FqIA4gtkr3
— META.mk (@meta_agency) April 16, 2016
