(ФОТО) Протестот заврши, демонстрантите мирно се разотидоа

од Vladimir Zorba
96 прегледи

По три часа марширање низ улиците  на Скопје, демонстрантите мирно си заминаа од пред Владата на Република Македонија.

12999448_10207782796620652_1781176646_o-640x320

Протестот започна пред СЈО од каде демонстрантите се упатија кон Собранието. Од таму, револтираните граѓани прво поминаа пред Триумфалната порта, каде имаше мала провокација, но тоа не прерасна во сериозен инцидент. Потоа, преку плоштад демонте странти се упатија кон Владата на Република Македонија.

sedi[te

„Излези Хoрхе прaвo нa терасa и пoгледни јa грaѓaнскaтa мaсa„, беше дел од пораките, кои граѓаните по петти пат ги упатуваа до претедателот Иванов, кој ги аболицица инволвираните во аферата прислушкување.

Демонстрантите освен скандирањата пееја: „ Целата фамилија, држава растурија, крвници, убијци, ајде в затвор Грувеци“, Со кренати раце, високо горе, бараме оставки, секој ден на протест“.

 

protesti10

Граѓаните уште скандираа: „Нема правда, нема мир“, а притоа носат транспаренти „Никогаш повеќе ваква власт“, или „Бараме обвиниение за криминалот на власта“.

13023620_995198237232599_197479161_n

 

Мал дел од демонстрантите од пред Владата се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде што беа распоредени силни полициски сили и тие не им дозволија да дојдат до зградата.