Нова драма меѓу Русија и САД: Су-27 пресретна американски разузнавачки авион

од desk3
102 прегледи

Претставник на Европската команда на Вооружените сили на САД Дени Хернандес изјави дека руски борбен Су-27 извршил “агресивни маневри” на 15 метри од разузнавачки авион на САД RC-135 во Балтичкото Море. Тоа го соопшти CNN. Хернандес истакна дека инцидентот се случил во четвртокот, 14 април, при што, според него, рускиот авион “извршил нестабилни и агресивни маневри”, прелетување на оддалеченост од 15 метри од крилото на американскиот авион.

20160417.uuhbfasdpr

“Опасната и непрофесионална акција на пилотот може да доведе до тензии во односите меѓу државите”, рече тој.

Претставникот на силите на САД во Европа истакна дека RC-135 бил пресретнат од рускиот Су-27 на опасеб и непрофесионален начин, додавајќи дека американскиот авион не е пренесен во руска територија.

Претходно руски авион Су-24 прелета доста блиску до американскиот ескадронен разурнувач “Доналд Кук” во Балтичкото Море.