Љубовен хороскоп од 18 до 24 април

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Љубовниот живот оваа недела ќе биде исполнет со подеми и падови. Венера и Сатурн ќе помогнат за хармонијата, но од друга страна односот на планетата на љубовта со Уран може да поднесе и познат хаос. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.
fae6d94a0dfd044aa4fea69d1fd2ea4b

Овен
Во оваа недела врзаните претставници на знакot Овен ќе се обидат да ja извојуваат својата слобода. Ако вашата партнерка ви стави некакви услови или ограничувања, вие сериозно ќе размислите за она што ви треба. Љубовта има потреба од воздух, а вие и од некој кој го почитува вашиот личен простор. Токму за оваа ваша слобода ќе се борите. Дали ќе ја постигнете зависи од вас.

Бик
Планетата на љубовта Венера дефинитивно ќе ве натера да се почувствувате како на забавен воз. Широк спектар на чувства, ќе биде вашиот таен зачин на рецептот за повеќе романтика.
Можеби ќе има некаков повод да љубоморите на вашиот сакан, а можеби ќе сакате да ги споделите вашите чувства и желби. Направете го тоа! Полната месечина е во вашиот сектор на партнерствата и ќе ви ја даде својата поддршка.
5bd7dd9829e80069663398898c330640
Фото: istock
Близнаци
Најсреќниот ден за љубов оваа недела ќе биде понеделник. Венера и Сатурн ќе се поврзат во совршена врска за вас и вашиот партнер и ќе ви помогнат да изградите солидни основи.
Во вторник е можно да се појават недоразбирања поврзани со финансиите. Ако немате партнер до себе, во петок  може да се појави некоја интересна личност со која ќе започнете необврзувачка врска.

Рак
Ако се наоѓате во сериозна врска, можно е да почувствувате недостаток на поддршка од страна на партнерот. Особено ќе ви треба саканиот, ако во овој момент пред вас има голема можност да се развиете во кариерата.
Ќе ви биде тешко да ги совладате емоциите, но пробајте. За оние од вас кои се Необврзувачка врска, после петок ќе се појавуваат и силни романтични емоции меѓу вас.

Лав
Врзани претставници на зодијачкиот знак ќе се почувствуваат сигурни во партнерот и врската. Ќе сфатите дека духовните верувања се поблиски отколку што сте претпоставувале. Како резултат односите ќе се продлабочат.
Ако сте необврзани, во петок ненадејно може да се развие нова романтична врска за вас. Можно е да се запознаете доста невообичаено со некого и тоа да ве возбуди.

Девица
Во вторник е можно да настане проблем со физичката и емоционална интимност . Бегате од важни теми за дискусија. Во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните помеѓу вас и партнерот, на крајот на неделата сексуалниот живот може да стане прилично интересен.
ddb0aeecf6f2fec9f660753a8c7abd9e
Фото:  istock
Вага
Извлечете максимум од постојаната енергија помеѓу вас и вашата партнерка во понеделник, бидејќи тогаш ќе биде тешко да се чувствувате во хармонија. Во вторникот може да настанат големи спорови кои ќе фрлат сомнеж на врската.

Шкорпија
Во петокот полната месечина во вашиот Хороскопски знак ќе ве натера да се чувствувате ранливи, особено ако има ситуација на напон помеѓу вас и партнерот. Ќе го покажете осилото, особено ако почувствувате дека може да бидете повредени. Од друга страна сте подготвени да се борите за љубовта и да се поврзете на подлабоко ниво со саканата.

Стрелец
Недела на подеми и падови ги очекува родените во знакот на Стрелец. На почетокот на неделава ќе се заблудите дека сè е во ред. Ќе произлезат спорови од битен и финансиски карактер. За неврзаните претставници на зодијачкиот знак, неделава може да обезбеди можност за нова љубов.

Јарец
Почетокот на неделава ќе започне добро за вас и вашата сакана. Ќе поразговарате за планови поврзани со заедничката иднина или купување на нов дом, автомобил. Постои ризик некој од блиските да го загрози романтичната врска. Не дозволувајте тоа да се случи.

Водолија
За неврзаните Водолии неделава ќе предложи не една можност за нови познанства. Ќе се појави некој кој ќе го растрепери срцето. Ако веќе сте во сериозна врска, помеѓу вас и партнерот ќе се почувствува хармонија.

Риби
Ќе се радувате на поддршката на партнерот и така ќе имате можност да ги оствараите вашите соништа поврзани со кариерата. Од друга страна, ако имате желба да поразговарате нешто важно, не одложувајте.