Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово

од desk3
136 прегледи

Засега непознати сторители денеска со тврди предмети – парчиња од ќерамиди и бетон, и со употреба на сила ги скршиле изложните и стаклата од влезната врата на канцеларијата на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

BELGIUM-EU-FUELE-IVANOV

Според неговите податоци, за време на инцидентот кој се случил утроТо помеѓу 5 часот и 5 часот и 50 минути, пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

Оливер Спасовски: Сакаат да ја вратат вмроизацијата во МВР!

По наредба на јавен обвинител извршен е целосен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, рече Јосифовски./МИА