[РЕЦЕПТ] Салата со леќа и ротквици

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Состојки:
300 г варена леќа или од конзерва
10 шери домати
7 ротквици
неколку страка свеж лук и кромид
неколку страка магдонос
150 г бело сирење по ваш избор
сол, црн пипер
оцет, маслиново масло80da456c3ca6b299e6a02fccc2ffaba4

Подготовка:
Ставете ја леќата во цедалка и исплакнете ја со ладна вода, потоа пренесете ја во голем сад. Исечете го зеленчукот и додадете го на неа. Зачинете со сол, црн пипер, оцет и маслиново масло. Конечно посипете ја салатата со ситно сирење.