Во мирна атмосфера, со извици „Оставка“, „Никола на робија“ и „Не ве амнестираме“, пред зградата на Владата заврши денешниот протест на граѓаните против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси.
Огромниот број демонстранти пред Владата пристигна од Министерството за култура, чија зграда ја обоија фрлајќи ќесиња со боја.
Mass protest in the streets of Skopje, inspired by crime committed in project… https://t.co/QUxZhmPjjc #Macedonia pic.twitter.com/UmmUeFKV1s
— META.mk News Agency (@meta_mk_en) April 18, 2016
Маршрутата кон Министерството за култура беше дел од концепцијата на денешниот протест, кој, како што велат организаторите, беше посветен на „криминалниот проект ’Скопје 2014’“.
Македонското и албанското знаме се веат на протестот пред Влада #протестирам #п pic.twitter.com/CELNxU0V8T
— META.mk (@meta_agency) April 18, 2016
Полицијата пред Министерството за култура пристигна неколку минути по демонстрантите, кои за тоа време фрлаа со боја кон зградата.
Пред зградата на Министерството не дојде до никаков инцидент. Дел од демонстрантите во улога на редари ги одвратија другите од натамошно боење на зградата и ги упатија кон зградата на Владата.
Пред Влада се извикува „Никола на робија“ #протестирам #п pic.twitter.com/ljJMvPyntH
— META.mk (@meta_agency) April 18, 2016
Пред Владата демонстрантите го исполнија целиот булевар од двете страни, од почетокот на семафорите до мостот Гоце Делчев.
Илјадници граѓани од Министерството за култура се упатија кон Влада #протестирам #п pic.twitter.com/Uc4JHCSsgA
— META.mk (@meta_agency) April 18, 2016
Таму демонстрантите извикуваа пароли и на асфалтот цртаа графити „Протестирам“, „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ на македонски и на албански јазик,.
Демонстрантите носеа и пароли на кои беа испишани сумите потрошени за секој од објектите од проектот „Скопје 2014“./извор Мета
