Солидарноста, посветеноста и акцентот на општото добро кои ги нудат протестите гo засенуваат микро-вандализмот

од desk3
86 прегледи

Не е прашање дали овие протести треба да се поддржат. Тоа се подразбира. Прашање е што после.

milco
. Овие протести треба да изродат нов квалитет. Не е доволно да се запре криминалот и да се казни, да се натераат институциите и процесите да бидат чесни, да се запре поделбата, да се исчисти јавниот муабет од лошотија, етикети, себичност, тролови, лаги и корупција. Ова е можност најпосле да почне да се живее цивилизирано: правото да владее за сите, демократијата да е вистинска а не лажирана, заедницата да се грижи за послабиот, а сите поединци за општото добро… Можеби цела генерација ќе оди фиран додека се постигне ова. Ако воопшто.
. Луѓето не им веруваат на партиите затоа што тие станаа – или отсекогаш биле – форма на племенско, примитивно, себично однесување кое ја негира пошироката заедница и општото добро, ама и слободата на поединецот.
. Казни за криминалот се само почеток. Нивниот ефект бргу ќе се стопи како сладолед на сонце ако не одат рака под рака со секојдневни постапки на доброволна општествена одговорност и владеење на правото. Правдата е слепа, таа важи за секого, и за „нашите“ и за „вашите“. Најмногу треба да важи за моќните.

Уште блиски луѓе на Клинтон во офшоровите во “панамските документи”


. Кај нас секогаш имало корупција и беззаконие. Врски во школо, врски кај доктор, врски за вработување (познато и како злоупотреба на службена должност), врски за сообраќајна казна (познато и како злоупотреба на службена должност), дивогрaдби (познато и кражба), носење дома на ситни нешта од работа (познато и како кражба), паркирање на трева, ѓубре низ прозор, врски на суд (познато и како кривично дело), вработување со врски (познато и како лажирања на конкурси), крадење гласови (познато и како лажирање на избори)… Сега сета таа ситна и средна злоупотреба, пакост и криминал се набија со стероиди и претече млекото.
. Тажно ќе биде ако на крајот од денот имаме само враќање на благопријатното беззаконие и пасивно-агресивната ситна злоба. Ќе биде убаво ако новиот квалитет кој ова будење го нуди содржи друг вид секојдневно однесување – барем во заедницата и во институциите.
. Тоа се наѕира, ама ќе биде тешка борба против гнасното во нас самите. Солидарноста, посветеноста и акцентот на општото добро кои ги нудат протестите ги засенуваат микро-вандализмот, фејсбук самобендисаноста, па дури и прозивањето од позиција на толпа. Помало зло се од масовен и масивен криминал, разуларена агресивност, одмазда на повторувачите, владеење на лагата и институционализација на силата.

 

 

Милчо Манчевски
фејсбук статус