Владата од домашните кредитори се задолжи со 4,3 милиони евра, што е за 1,1 милион евра повеќе од сумата што првично ја бараше-јави 24 Вести.. Најголем дел од парите или скоро 2,5 милиони евра владата ги обезбеди од аукција на обврзнци кои доспеваат за враќање во 2026 година по каматна стапка од 3,9 %..

До крајот на месецов нема раздолжување, а закажана е уште едно задолжување на домашн пазар за следниот вторник. Инаку, пред да се реализира задолжувањето дополнителниот заменик министер Кире Наумов, од позиција на претседтел на Комисијата за финансии при СДСМ ги предупреди кредиторите на опсноста од понишување на одлуките за задолжуавање на домашен терен, затоа што ниту една одлука донесена од страна на Министерот за финансии не е доставена на дополнителниот заменик министер за согласност и потпис. Владата минатата недела ги поништи одлуките на министрите за внатрешни работи и за труд и социјала, со образложение дека се донесени без согласност од дополнителните заменици министри.