(ВИДЕО) Уметниците го креваат гласот – „Системот ве лаже“

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Балканската музичка сцена е крената на нозе, и во знак на протест искреирани се голем број на стихови и уметнички мултимедијални дела кои го идентификуваат загрозувањето на човековите права, слободата на изразување и силната репресија на системот. Уметноста отсекогаш ја носела авангардната нота во општеството, без разлика дали се работи за класична или полуларна култура.

„Легијата“ е една од ретките македонски рап групи што успеа да дотрае и во режимските манипулации, кога од уметници и музичари се бараат нарачани текстови, музика во мелосот на „лажниот патриотизам“ и ширење на фанатизмот.

Една од поинпресивните балкански групи е „Белградски синдикат“ кој со својот остар јазик, бестрашно потенцираат на бескруполозноста на системот.

Босанската музичка група „Дубиоза колектив“ во својата лирика постојано го критикува аполитичниот човек, неактивното (пасивно) битие – угнетено од мачоистичкиот дух на Балканот.

Познатиот концептуален уметник Дамир Никшиќ, е еден од најхрабрите артисти коj направи серија критики за македонскиот популизам и кич естетика. Нервозниот естетизам на „Балканијадата“ е во постојан фокус на Никшиќ.

Овие уметници се само дел од критиччката маса за пасивниот, националистички, еднодимензионален Балкан./ В.К

Слични содржини