Состојки:
150-200 г гриз или киноа
4 страка зелен кромид
3 големи домати
2-3 врски магдонос
неколку листови нане
маслиново масло
свеж сок од лимон
сол
Подготовка:
Ставете гриз во голем сад, истурете го со врела вода (водата треба да покрие гриз околу 30 см) и ставете капак или чинија врз купот. Оставете го да се раскисне за околу 20-30 минути. Потоа исцедете го, ставете го во сад и додадете на него маслиновото масло, сок од лимон и сол по вкус.
Зеленчукот се сецка и се додава кон гризот, ао по желба може да додадете уште малку лимонов сок и маслиново масло. Конечно зачинете со свежи листови од нане. Ако сакате, може да го замените гризот со киноа.
Фото: iStock