Специјалното јавно обвинителство: ТНТ – нов предмет за „Космос“

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Специјалното јавно обвинителство покрена предмет за уривањето на „Космос“ на Фиат Цановски во кој се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кои се веќе помилувани од Ѓорге Иванов.

katicafatime1-685x320

Во предметот осомничен е и градоначалникот на Гази Баба, а како првоосомничена се води надлежната инспекторка од општиата Гази Баба.

Јанева изјави дека во случај има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од страна на одредени функционери. Тие биле водени од побуди и мотиви што се базираат на политичка определба, со  цел да се деградира, нанесе одредена штета на поединци со различна политичка определба. Ова, според обвинителката претставувало сериозно загрозување на уставните гаранции за заштита на човековите права и слодбоди,  а притоа не бил почитуван основниот принцип на извршното право, угледот на деградираниот. Во делото – свесно и злонамерно било постапувано, рече Јанева, бидејќи преземените мерки укажуваат на фактот дека истиот можел да се постигне со далеку помала примена на сила, отколку што било во случајот. Според СЈО во случајот Космос има непоправлива штета, која во своите последици има дискредитација на личноста.

фатиме ј

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи нагласи дека овој случај е класичен пример на постоењето на криминална спрега помеѓу централната и локалната власт, во кој учествувале поранешен премиер, поранешен министер за транспорт и врски, градночалник на општината Гази Баба, кои се аболицирани со одлуката на претседателот Иванов.

Обвинителката Фетаи посочи дека во овој случај се задоволувале апетитите и желбите на сега веќе аболициран политичар, поранешен претседател на владата. Поранешниот премиер и поранешниот министер за транспорт, според Специјалното обвинителство, сакале да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговото напуштање на тогашната владина коалиција.

Во случајот „ТНТ“ провоосомничена е овластената градежна инспекторка на општина Гази Баба.