Откажана лидерската средба во Виена

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 

Откажана лидерската средба која требаше да се одржи во главниот град на Австрија, Виена. Еврокомесарот за преговори и за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, утре требаше да биде домаќин на четворицата македонски политички лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.278384-han-i-trojcata-evropratenici-na-liderskata-sredba-na-29-juni

Главна причина за откажувањето на лидерската средба, според дипломати, се новите барања на лидерот на СДСМ,Зоран Заев, одложување на изборите и повлекување на одлуката за аболиција, што минатата седмица ја донесе претседателот Ѓорег Иванов..

Новата рунда на разговори меѓу тројката европратеници и македонските политички лидери имаше за цел да се стави крај на кризата.