“Активностите на македонските политичари ја оддалечуваат земјата од ЕУ”, рече комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничката изјава со членови на Европскиот парламент.

“Ние длабоко жалиме за чекорите кои поделат земјата од нејзините аспирации за влез во ЕУ”, се вели во документот. Комесарот и членовите на ЕП исто така изразија жалење од фактот дека закажана за 22 април средба на лидерите на главните македонските партии за дискутирање на политичката криза нема да се одржи. “Оваа средба беше наменета да и помогне на земјата да најде начин да го примени договорот со учество на сите земји кои го потпишаа”, посочуваат политичарите во заедничката изјава. “Во отсуство на секаков понатамошен напредок, ние треба да размислиме за понатамошни активности за спроведување на барањата, јасно дефинирани од Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент”, забележуваат Хан и европратениците.
Одоговорот веднаш стигна на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ пред македонскиот парламент се појавија анти НАТО и анти ЕУ пароли.
„Единствена Македонија“, „Не во ЕУ“, „НАТО – надвор“ и „Народот е силата“ се плакатите залепени на контрапротестот организирани од движењето ГДОМ и ВМРО ДПМНЕ.
Дали тоа значи дека владеачката ВМРО ДПМНЕ се откажува од евроатланскиот пат на Македонија? Дали тоа значидека тоа е одговорот на власта која е притисната од меѓународната заедница да се врати на владеење на правото и ЕУ агендата?.
Протестот на ГДОМ заврши, ќе побараат Уставниот суд времено да ја сопре работата на фондациите, НВО и партиите кои ја уриваат Македонија
На 22 април беше планирана средба на четирите партии потписници на договорот од Пржино, во Виена. Со посредство на ЕУ тие мораа да разговараат за патот за излез од големата политичка криза. Разговорите беа откажани откако лидерот на опозицијата и на СДСМ Зоран Заев најави дека ќе седне на масата за преговори, само ако претседателот Иванов ја поништи својата одлука за аболиција на криминалците според процесите покренати од СЈО,. Тоа понатму ќе подразбира да се врати заседание на парламентот, а со тоа и обезбедување фер услови, односно одлагање на изборите од 5 јуни.
Антивладините протетстанти барааат техничка влада, и нивна вклученост во преговорите за обезбедување на услови за кредибилен фер процес , до и за изборите, или останува и натаму секојдневно „Шарената револуција“ со слоганот „ Нема правда нема МИР“ !

