Фајненшл Тајмс: Санкции од ЕУ за водечки владини функционери

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија на состанок оваа недела дискутирале да стават македонски политичари на црната Шенген листа, што значи забрана за патувања, но конечна одлука уште не е донесена, пишува Фајненшл Tајмс.fajnenshel_tajms

Весникот наведува и дека Брисел размислува за овие санкции да ги воведе против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со замрзнување на евроатлантските интеграции.

Овие закани со мерки се по примерот на првата фаза санкции што Европската Унија го донесе за украинскиот претседател Јанукович.

Ретроградни чекори  за Македонија вчера најави и еврокомесарот Јоханес Хан заедно со европратениците Ховит, Вајгл и Кукан по откажувањето на лидерската средба во Виена. Меѓутоа тие се уште се надеваат дека со заканата од санкции се уште може да се спаси Договорот од Пржино.  ./Телма