(ВИДЕО) Ленче Ристоска: Македонија има храбри жени

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Како жена сум горда што во целиот правен систем постојат жени кои се храбри и постапуваат според законите истакна обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска во нејзиниот говор насловен “Жените како чуварки на правдата” на конференцијата за друштвен активизам, Енгејџ.лемче

Таа истакна дека патот за остварување на правдата се уште е поплочен со страв и со несигурност кај луѓето и потсети дека иако се декларираме како демократска држава, правата на жената се уште не се почитуваат во многу сфери од живеењето.

Во продолжение погледнете го видеото од нејзиното обраќање.