Руското Министерство за одбрана и холдингот „Хеликоптери на Русија“, потпишаа договор за сериско производство на најнови хеликоптери за обука и воени дејствија Mi-28UB и тешки транспортни хеликоптери Mi-26, објави прес-службата на руското Министерство за одбрана.
До крајот на 2018 година руските воздушни сили ќе добијат два тешки транспортни хеликоптери Ми-26 и прво производство од серијата од 24 најнови хеликоптери Mi-28UB./МИА
