Неуспешна десантна вежба на армијата на САД – џипови слободно паѓаа од небото

од desk3
94 прегледи

Армијата на САД се изложи пна поствењање- загуби три воени џипови, кои беа исфрлени од транспортни авиони на земјата.

Инцидентот се случи за време на вежба на американски војници во Хоенфелс, Германија. Видеоснимка од гафот стана хит на социјалните мрежи.

Вежбите на 173-та воздухопловната бригада вклучуваат спуштање со падобрани на 150 единици опрема, натоварена на авиони C-130. Од непозната причина три од падобраните не се отворија од опремата што треба да се испорача на земјата.

 

-HMMWV-воздушно-десантным-способом

Резултатот: летечки од небото воени џипови “Хамви”. И наскоро потоа – урнати воени џипови “Хамви”.

За среќа во инцидентот нема повредени.

Армијата соопшти дека почнала истрага за настанот и увери дека пакетите биле постојано заверени пред почетокот на маневрите, па не може да се шпекулира однапред за можните причини.

Цената на еден од специјализираните автомобили “Хамви”, кои се воведени во армијата во средината на 80-тите години, стигнува до 200 илјади долари, прецизира БТВ.