Британското МНР со предупредување до граѓаните да внимаваат доколку патуваат во Македонија

од desk3
165 прегледи

Британското МНР издаде препораки до сите граѓани на Велика Британија кои би патувале во Македонија, со предупредување дека има протести во Скопје и во другите градови поради политичката криза во Македонија.

Foreign-Office-725x580

„Можноста од натамошни протести непосредно пред изборите закажани за 5 јуни е многу висока; би требало да ги проверувате локалните медиуми и да ги избегнувате демонстрантите или големите собири.

Избегнувајте големи групи и имајте предвид дека возовите кои влегуваат во Македонија од Грција може да бидат откажани или да доцнат доколку постојат немири на грчко – македонската граница“, пишува во соопштението на Британски форин офис..

Британското МНР заклучува дека, сепак, најголем дел од патувањата во Македонија се без проблеми и дека земјава е со општ ризик од тероризам.