Таа изјави дека најсреќна се чувствува кога е сама и се грижи само за своите деца.И покрај тоа Мег Рајан беше забележана како се шета со мистериозен човек во Сохо, Њујорк, пишува Daily Mail.
54-годишната ѕвезда од “Имате пошта” изгледаше опуштено во друштво на својот придружник. Беше облечена со црно палто, темносини фармерки и црни чевли.
Во “Имате пошта” таа соработува со Том Хенкс, а тие се заедно на екранот и во “Непроспиени во Сиетл”. Актерката, која стана позната од “Кога Хари го сретна Сали”, покажа беспрекорна фигура и беше украсена со медалјон на долго ланче.
Актерката имаше долга врска со актерот Денис Куејд. Двајцата имаат 23-годишен син Џек (ѕвезда на HBO). Двајцата се во брак од 1991 до 2001 година. Потоа таа имаше кратка врска со 52-годишниот Расел Кроу. Пред две години ѕвездата се раздели со Џон Меленкамп.