Дури 98% од фимите во земјава се во групата на микро и мали претпријатија во кои се работат 61% од вкупниот број вработени во земјава. Токму овие фирми се и најранливи, соочени со ликвидносни проблеми.
Новиот извештај на Државниот ревизор “Развој и унапредување на средните и малите претпријатија во земјава“ ја скенира состојбата, начинот и ефектите од кредитиање, односно поддршка кон оваа група на фирми, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Податоците покажуваат дека државната помош се зголемува – но бројот на фирми се намалува. Со ревизијата бил опфатен период од 2013 до 2015 година, но во одредени области и прашања се опфатени и настани пред 2013 и по 2015 година.
Од 2010 до 2014 – бројот на фирми намален за скоро 1 700…
Податоците покажуваат од 2010 та до 2014 та година, бројот на мали и средни претпријатија се намалува. Така, во овој анализиран период според извештајот на ревизорите, борјот на МСП се намалил за 1 668. Имено, во 2010 година функционирале 57 464 комапнии додека на крајот од 2014 таа бројка изнесувала 55 796. Ако се навлезе во структурата, намалување има на бројот на микро фирми, додека пораст на бројот има кај малите, средните и големите компании.
Токму микро и малите претпријатија, оние што се најранливи, претставуваат и до 98% од бкупниот број на фирми во земјава. Во исто време, овие претпријатија вработуваат и најголем дел од работната сила. Така, според извештајот на државниот ревизор, само во микро и малите фирми во 2014 година биле вработени 223 644 луѓе или 61% од вкупниот број на вработени во приватниот сектор.
Овој тренд на намалување на бројот на компании се случува во оериод кога Владата промовира голем број на мерки за поддршка на бизнисот. Државниот ревизор констатира дека има бројни мерки и активности, но ги нотира и слабостите, особено во делот на административниот пристап на фирмите до пари, односно средства за развој и инвестиции, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк
“Во законите кои го регулираат доделувањето и користењето на државна поддршка за малите и средни фирми, постојат разлики во дефинирањето на големината на компаниите, што влијае на бројот на МСП кои можат да бидата директни корисници на државна помош“
Според ревизорите, во изминатиот период, во насока на подобрување на условите за развој биле превземени низа на мерки: поедноставување на процедурите за отворање нови бизнис, преструктуирање на даночниот систем, поволности за нови вработувања како и пристап кон поволни извори на финансирање. Додека од една страна се промовираат вакви мерки, од друга – честите законски измени се проблем за голем број на компаниите.
“Работењето на малите и средни претпријатија е регулирано со обемна законска регулатива, со чести измени и дополнувања. Од причина што голем дел од претпријатијата не располагаат со доволно стручни и кавлификувани кадри кои можат континуирано да ги следат измените на правната регулатива, многу од фирмите не се во можност да обезбедат пристап до средствата за поддршка кои Владата ги нуди“
Има пари за проекти – каква е испористеноста …
Користењето на поволните кредити од Европската инвестициска банка, обезбедени од страна на Македонската банка за поддршка на развојот имаат постигнато позитивен ефект, се подбрува работењето на фимите и се влијае врз намалување на камтните стапки на кредитите во деловните банки, се посочува во извештајот.
Сепак, ревизорите посочуваат на бројни препораки. Пред се сметаат дека има потреба да се преиспита можноста од проширување и зголемување на мерките и активностите во насока на поддршка на развојот, зајакнување на економијата како и директната поддршка на новите бизниси насочени кон зајакнување на конкуренцијата и иновациите.
“Да се преиспита можноста за ревидирање на законската регулатива за малите и средни претпријатија за да се поедностави рамката за нивното работење“ – се нотира во ревизорскиот извештај и се додава:
“Од страна на раководното лице во Македонската банка за поддршка на развојот добиени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека дел се прифаќаат заради допрецизирање на одделни состојби, а дел не се прифаќаат“
Ревизијата констатирала дека повеќе од 40% од средствата планирани во основната програма за поддршка на малите и средни бизниси, преку Министерството за економија, не се реализирани, односно искористени. Така, во 2013 та година биле реализирани само 50,4% од програмите, во 2014 остварувањето изнесува 79,3% а во 2015 година 69,2%, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк
Од 2009 до 2015 година, за финансирање на малите и средни претпријатија, државата има превземено гаранции за кредити во вредност од 350 000 000 евра кон Европската инвестициона банка ЕИБ.
“Ако се земе предвид само бројот на мали и средни претпријатија во 2014 година и вкупно склучените договори од трите кредитни линии на ЕИБ, тогаш произлегува дека само 9% од овие фирми користеле поволни кредитни линии“, се нотира во ревизорскиот извештај.
Според анализата, малиот број на барања за одобрување на кредити се должи пред се на условите што малите и средни претпријатија треба да ги исполнат – хипотека на недвижен имот, залог на подвиќни предмети, меница и други услови повразни со капиталот, број на вработени и пазарна конкурентност.
Ревизијата обелоденува дека лани, за поддршка на малите и средни бизниси, преку Буџетот, односно преку пет надлежни агенции и институции, биле пласирани 44,2 милиони евра.
На адреса на ревизорот, Македонската банка за поддршка на развојот испратила допис во кој информира меѓудругото дека, извршена била промена на дел од условите за пристап до кредити во согласност со критериумите дефинирани од страна на ЕИБ. Од МБПР сметаат дека наодот оти 9% од фирмите ги искористиле можностите зљ поволно кредитирање не претставува реален одраз за опфатените претпријатија зошто, како што посочиле, сите фирми немаат протреба од кредити.
