(ВИДЕО) Необјавено од Битлси: Еве што работеле членовите на бендот пред 50 години на закажан настап !

од Vladimir Zorba
103 прегледи

bitlsi-foto-printscreen-1461659578-894389

Австралискиот национален архив за филмот и звук објави досега неприкажана снимка на “Битлси” како членовте се шегуваат во студиото пред телевизиски настап кој се случил пред повеќе од 50 години.
Видео клип од 49 секунди е без звук црно-бело и бил забележан со камера на австралискаѕта танчерка и шминкерка Дон Свејн која во тоа време работел во Манчестер за Grand TV.
На неа се гледа како четворица членови на легендарниот бенд се шегуваат пред камерите додека ги шминкаат.
“Бев во сала за шминка и пиевме шампањ”, рече 83-годишната Свеј во соопштението кое го објави австралијскиот архив.
“Некој ми ја зеде камера, јас не знам дали тоа беше Џон Ленон или Ринго Стар”, велејќи дека “камерата не се користи така, а потоа тие почнаа да ја “превртуваат странично и да се глупираат”, рече таа .
Свејн вели дека сето тоа е одлично.
“Тие беа навистина добри луѓе. Навистина.”
Клипот во архивот бил подарен од нејзината ќерка Мелинда Дорин.