Череп од лице кое се водело како исчезнато пронајдено на Стража

од Vladimir Zorba
88 прегледи

 

43740AA483366B48B26C506C7D71D197Професионален возач, кој во полициските архиви од неодамна се водел под графата „Исчезнат“, е утврдено дека е мртов. Черепот му е пронајден на 13-ти овој месец, на земјено проширување покрај магистралниот пат Гостивар – Кичево, половина километар до бензинската пумпа на стража, потврдија за 24 вести од Министерството за внатрешни работи. од черепот недостасувала долната вилица, а имало само 14 релативно сочувани заби. Земен е ДНК профил, кој е спореден со одредени мостри, при што е утврден идентитетот на мажот.