522
Состојки:
3 лажици маслиново масло
2 лажици црвен вински оцет
5 лукчиња
3/4 лажичка ким
1/2 лажичка лут црвен пипер
сол по вкус
1 и 1/2 кг каре јагнешко месо
Подготовка:
Загрејте ја скарата и ако користите дрвени стапчиња за ражничи, натопете ги околу 10 минути во вода. Во голем сад измешајте маслиново масло, оцет, лук и ким, лути пиперки, сол, сецкан магдонос, јагнешкото месо, кое се сече на мали парчиња како за ќебапи.
Измешајте добро и оставете маринадата да се впие во месото за 15-20 минути. Потоа ставете го месото на стапчињара, а меѓу парчињата може да додадете пиперки, кромид или шери домати. На месото ќе му е потребно околу 8-10 минути да се испече.