Функционер на СДСМ од Битола, погоден со куршум во нога

од desk3
82 прегледи

Денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар.

СВР Битола го потврди настанот.

Оттаму за „Мета“ велат дека се врши увид и вештачење, а за подоцна најавија повеќе информации.

Bitola1

Куршумот, завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност.

Засега не се знае кој и од каде пукал.

Информацијата за случајот со голема брзина се рашири низ градот, внесувајќи немир меѓу граѓаните.

 

META

Слични содржини