195
Коста Крпач, кој предтходно пукаше во комбе од својот балкон кон паркингот во Капиштец, е пронајден мртов во својот стан, потврдуваат од МВР.
Полицијата го нашла Крпач со прострелна рана во градниот кош. Првичните сомнежи се дека станува збор за самоубиство, но полицијата истражува и друга можност.
Крпач беше еден од лицата што се претседателот Ѓорѓе Иванов ги аболицираше пред две недели.
Коста Крпач е академски сликар и директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.