Ги вметнуваат во регистарот на “Панама Гејт”

Вистинските сопственици на фирми во офшор зони ќе бидат вметнати во регистарот. За тоа се договориле министрите за финансии на земјите од ЕУ на состанокот на Советот на ЕУ за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН), што се одржа пред неколку дена во Амстердам.Ова се прави поради “Панама Гејт” и излегувањето на информации за познати луѓе од целиот свет со офшор компании. во врска со документите од Панама. Ова се заклучоци на седницата на ЕКОФИН Европската комисија има обезбедено иницијативи за борба против перењето пари и даночно затајување. Министрите за финансии се приклучија кон иницијативата на Г-5 за создавање на регистар на вистинските сопственици на компании и за спроведување на пилот проект за автоматска размена на информации за вистинските сопственици на фирми во офшор зони.
Усвојувањето на општата листа за ЕУ на префрлани јурисдикции, заснован на заеднички критериуми и придружен со мерки за акција, ќе биде моќна алатка за влијание спрема земјите надвор од ЕУ, кои даваат можности за избегнување на оданочување . Тоа што човек има учество во офшоркомпании не значи и само по себе дека направил обид за прикривање на данок, но сепак треба да се проверат вистинските имиња и да се следи патот на парите за да дојде до вистината велат експертите.