Групата ги намали платите на борците,и не може да им обезбеди нормални животни услови

Во последно време се почесто се појавуваат информации дека “Исламска држава” (ИД) е пред банкрот. Неодамна групата им ги скрати половина платите на своите борци. Во исто време ИД не можат да обезбедат дури нормални животни услови и квалитетна медицинска услуга во регионите кои ги контролираат, пишува “Стандард”. За лекарите е јасно – тие или се убиени или избегале. Отприлика така стојат работите и со инженерите и наставниците. Всушност од калифатот масовно бегаат сите умерени и образовани луѓе. Голем шамар за ИД се намалените нафтени приходи. Причините за тоа се од падот на цените на светскиот пазар и ефикасноста на воздушните напади до влошените услови. Многу инсталации за нафта веќе не работат, бидејќи нема доволно обучени луѓе кои ги опслужуваат. Групата едвај успева да произведе околу 10 000 барели дневно, смета претседателот на Францускиот синдикат на нафтената индустрија Френсис Дјузо.
Воздушните бомбардирања исто така имаат значителен ефект, тие се насочени конкретно против дупчења, пумпи, рафинерии, нафтоводи и камиони цистерни, магацини. За да компензира дефицитот на финансии, Исламска држава е принудена да зема од поробените население исклучително високи даноци. Но имајќи ја предвид глобалната економска криза и социјален пад во Сирија и Ирак, наскоро и луѓето на територијата на калифатот нема да има со што да им плаќаат.
Безпарицата силноги демобилиза борците на ИД. Според пораки само 20 отсто од тие кои се бореа во Ирак и Сиријаод џихадистите го прават тоа за идеолошки побуди. Останатите ја следат Исламска држава во сосема прозаични причини – за пари и ветените слободни домување. Масовното разочарување на борците води до нивно стартување назад кон нивните родни места. Финансиската криза ја затега воената моќ на Исламската држава, пишува и американскиот весник “The Washington Post” повикувајчи се на високи извори. Министерството за одбрана на Русија исто така соопшти дека ИД имаат проблеми со формирањето на нови единици поради намалување на платите на борците. Заклучокот е јасен. Колку побрзо биде запрен патпт на паарите на финансирање однадвор на ИД , а владините сили на Сирија и Ирак да си ја преземат контролата над нафтените рафинерии, толку побрзо светот ќе се ослободи од чумата на XXI век.