Своевремено во Турција никој не претставувал дека човек како Ердоган може да направи таква кариера. “Црните Турци” како него биле предвидени за послугата на елитата, вели во интервју за ДВ новинарката Чикдем Акјол.
ДВ: Зошто еден претседател на земја со над 75 милиони жители губи време во гонење на новинари?
Чикдем Акјол: Ердоган има вонредно чувствителен во однос на критиката. Тој не е човек кој гледа наназад и кој ги бара сопствените грешки. Ердоган едноставно не трпи некој да го критикува. За него тоа е рамно на тешка навреда. Токму тоа го видовме и во случајот со германскиот сатиричар Јан Бомерман.
Дојче веле: Турскиот претседател нема ли советници кои ќе му кажат: “Стоп! Доста толку!”
Чикдем Акјол: Советниците кои ги има, се негови послушници. Ердоган изгради систем во кој е опкружен само од покорни полтрони. Тие не му противречат и вршат сè што им заповеда тој како претседател. Претходно имаше критичари – дури и во “Партијата на правдата и развојот”. Со текот на времето, сепак тие беа протерани. Во меѓувреме меѓу неговите следбеници внатре во партијата владее страв. Тие знаат многу добро што ги очекува ако му се спротивстави или го критикуваат.
Дојче веле: Од каде доаѓа оваа карактеристика на Ердоган?
“Исламска држава” е пред банкрот!Бегаат лекари, наставници, инженери
Чикдем Акјол: Оваа карактеристика во неговиот карактер е поврзана со неговото минато. Тој израснал во сиромашен кварт. Минувал како т.н. “Црн Турчин”, бидејќи потекнува од пониските слоеви. Со многу напорна работа Ердоган направи импресивна кариера. Тој се спротистави на кемалистичкиот систем, воопшто против секој отпор и еволуираше во себе амбиција, карактеристична за секој еден аутсајдер. Токму оваа амбиција стана негова карактеристика, која не му дозволува да ги оценува трезвено работите. Ердоган гледа само напред. Тој сака да натрупа уште повеќе моќ. Сака да создаде претседателски систем со опфат на големи овластувања. Тој е безмилосен и не трпи никаква критика. Сега ги насочил сите негови напори кон 2023 година, кога се навршуваат 100 години од основањето на Турција. Ердоган сака сам да си крене споменик и да продолжи да биде претседател. А тоа е сосема можно. Ако всушност стане така, тогаш тој ќе застане на исто скалило со основачот на републиката Мустафа Кемал Ататурк.
Дојче веле: Продискутиравте за кемалистите. Можеше ли да се предвиди доаѓањето на човек како Ердоган во турскиот политички систем?
Чикдем Акјол: Не. Децении никој воопшто не можеше да замисли човек како него во власта. Слични лица наскоро беа предвидени за послуга, кои ги чистат куќите на елитата, на “белите Турци”. Никој не предвидуваше своевремено дека таков човек некогаш ќе биде во власта. Затоа може да се каже дека неговата кариера е историска.
Дојче веле: И сега тој се одмаздува на старите елити?
Чикдем Акјол: Да, тоа е одмазда против истаблишментот и истовремено компензација за сите понижувања, кои требало да ги истрпи.
Дојче веле: Неговата борба ли е она што воодушевува луѓето?
Чикдем Акјол: Сигурно. Притоа Ердоган делуваше многу итро. За прв пат тој беше избран за премиер во 2003 година. И направи нешто што другите пропуштаа да го сторат со децении. Тој се сврте кон поголемиот дел од населението, кон тн. “Црни Турци”. Се однесуваше со нив како еднаков со еднаков. Ердоган им пренесе дека тој како човек од народот конечно им го дава зборот. И тоа придонесе за создавање на митот Ердоган: “човекот од низините”, кој стигна до врвот. И мнозина си велеа: “Откако тој успеал, зошто да не успеам и јас?”.
Дојче веле: Велите дека Ердоган се претставил дека е човек од народот. А не е ли точно?
Чикдем Акјол: На почетокот на неговиот мандат може и да е било точно. Во меѓувреме, тој нема никаква врска со народот. Доволно е да се погледне дворецот во Анкара со 1.100 соби и ќе видиме дека тоа нема никаква врска со блискоста до народот.
ДВ: За време на предизборни кампањи и други негови настапи луѓето ликуваат. Дали Ердоган не е нешто како поп-ѕвезда во Турција?
Чикдем Акјол: Ердоган беше поп-ѕвезда во Турција. Тој беше носител на надеж. Тој одржа и многу реформи. Нешто што не се забележува во Германија. Тој ја поведе Турција на патот кон ЕУ, тој ја прошири слободата на печатот, нешто што денес не може да се замисли. Тој ги реформира здравството и социјалниот систем. Сите претходни влади пропаднаа во овој поглед. Затоа луѓето го величаат. Во меѓувреме сепак митот Ердоган избледе. Сепак во земјата нема друг политичар кој може да се мери со него. Едноставно нема алтернатива.
Дојче Веле: Ердоган има јавни настапи и во Германија. На овие настани се случуваат германски Турци, кои велат дека турскиот претседател ја вратил гордоста на нивната земја и нивната гордост. Како го објаснувате тоа?
Чикдем Акјол: Многу германски Турци се длабоко поврзани со Турција. Тие се идентификуваат посилно со Турција, отколку со Германија. Децении тие живееја со чувство дека “Турците” не се добредојдени во Германија. И тогаш се појави овој харизматичен човек кој конечно им ја врати националната гордост. Ова не е за потценување. Национализмот е многу сериозна движечка сила во Турција. Ердоган се сврте кон овие луѓе и им рече: “Вие сте мои браќа! И не треба да се срамите!”. На овој начин природно ја заработи довербата и гласови.
* Новинарката Чикдем Акјол со години се занимава со темата за животот и кариерата на Реџеп Таип Ердоган. Неодамна таа издаде биографска книга за турскиот претседател.

