(ВИДЕО) Маж куртули за влакно од смртта при жестока несреќа

од desk3
108 прегледи

Маж со скутер куртули за влакно од смртта, откако два камиона се удрија на раскрсница и се лизнаа кон него. Инцидентот се случил на раскрсница во градот Нантун, Кина. На кадрите од безбедносните камери се гледа како мажот со скутер, кој се вика Су, чека на раскрсницата на црвено светло. Во исто време на пресекот улица се движат два камиона – едниот помал, а зад него и карго ТИР, соопштува Ројтерс.

20160429.lczzcakshp

Одеднаш помалиот камион удира сопирачки што станува причина возачот на поголемиот камион да изгуби контрола, да го удри овој пред него и двајцата да се зализагаат кон раскрсницата каде е Су.

Су гледа што се случува и веднаш побегнува со што го спасува неговиот живот. Скутерот му е целосно уништен.

Според полицијата причина за инцидентот е како изненадното запирање на едниот возач, така и силниот дожд и лизгавиот пат.

Повреден е патник во мал камион. При инцидентот е удрен уште еден автомобил, но и таму нема повредени.