За милиони верници ширум светот огнот е небесното чудо. 
За православните Велигден доаѓа со чудо. Секоја година на Голема саботата на Божји гроб од небото во рацете на Ерусалимскиот патријарх доаѓа Благодатниот оган. И до ден денес таинството е и неразјаснето, иако многу научници градат хипотези. За милиони верници ширум светот огнот е небесно чудо. Подготовките за слегувањето на огнот започнува во сабота наутро. Секоја година Параклисот до Божји гроб внимателно се проверува за запаливи средства со цел да исчезне секое сомневање дека чудото е плод на човечка рака. Проверки прават претставници на муслиманската заедница во Ерусалим. Потоа вратите се запечатуваат со пчелин восок. Се повлекуваат духовници од католичката, ерменската и коптската црква кои имаат параклиси во големиот храм при Божјиот гроб. Тоа е знак дека сите кандила во капелата се изгаснати По старата традиција единствените кои можат да го добијат небесниот оган се православните и тие го пренесуваат на другите христијански вери. Ерусалимскиот патријарх се подготвува да влезе во капелата, а сите верници се смируваат. Според старо верување, ако Благодатниот оган слезе на Голема саботата, ова ќе е последниот ден на човештвото. Храмот на Божји гроб ќе биде уништен и ќе настапи второто доаѓање. Според доверено едно од кандилата над Божји гроб се самозапалува. Од него Патријархот го запалува снопчета од по 33 свеќи и ги извнесува од храмот. Сите подадават рака за да запалат свеќи и да се поздрават со “Христос воскресна”!