Глоба во износ од 1.000 хрватски куни (околу130 евра) ќе биде казната ако одите голи по улиците на Дубровник ова лето.
Ако не платите на место, ќе добиете парична казна од 2.500 куни или 300 евра, објавија хрватските медиуми. Казните ќе се применуваат од оваа година, како за туристи, така и за локалното население, кои ќе бидат забележани без соодветна облека во историскиот дел на Дубровник, пишува “Слободна Далмација”.
Санкциите се донесуваат откако минатата летна сезона беа забележани премногу голи туристи кои го разгледуваат градот по премногу откроени костими за капење. По случката оваа година градската управа одлучи да го санкционира таквото “рауздано однесување”.