Жителката на британскиот град Бирмингем Бо Гилберт стана првиот модел на 100-годишна возраст, кој учествуваше во фотосесија на списанието Vogue.
На страница на Твитер изданието објави снимки од фотографиите за рекламната кампања на синџирот продавници Harvey Nichols. Бо Гилберт ќе биде лице на рекламната кампања на синџирот. За фотосесијата вековната Британка стави очила Valentino, блуза на Victoria Beckham, пелерина Dries Van Noten, чевли од Celine и накит на The Row.
Ова всушност е првата фотосесија на Гилберт. Бројот со нејзините слики ќе излезе на 5 мај.
Всушност списанието неслучајно ја избрало неа – во изборот има симболика. Оваа година Vogue слави 100-годишен јубилеј. Harvey Nichols е британски синџир стоковни куќи, која тргува само со луксузни стоки. Марката е основана во 1831 година, а главната нејзина продавница се наоѓа во лондонскиот реон Најтсбриџ.
