Аха… Среќно глуварчиња

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Денеска го прашав, Него го прашав. Толку од мојата рутина за љубопитсво. Нецелосно и туѓо, тука е нешто сосема поинакво. Во глава се револуции, а пред мене ништо. Нешто сосема апатично, игнорирано од сопствената судбина, мене ми се случува неочекуваното и стравот ми е во коските. Ми побеле косата и личам на глуварче. Потребен ми е ветар и се ќе исчезне, така ќе остане суштината на етеричноста која ја носам. Само кога би можел ветерот да е посилен, и неможноста да бидам виден, а втурнат во тегобиите за да се носам до крајот на Еден ќе е мојата рамноденица. Вие мислите дека е непотребно да се сомневам во аморфноста на соопштението, недореченото, а сосема за кратко ја впивате секоја пијавица која ја цица пората на чистото опкружување. Мислам дека го водов Ел Греко? Чекај, која година сме, каде е векуваниот ритуал на безредието?

IMG_20160501_140529

Радосна вест! Умре за вистината. Шлаканица и молк – се умира за суштината.

Збунет е Среќко кога се соочува со газдата. Прашај го Бекет.

– Срам ми е да го прашам Бекет, јас го барам Ел Греко но стигнав до некој чуден исклучок, Елиот, тој е! Повторно срам и тишина.

Соочувањето со незнаењето ми создава чудни тегоби во желудникот, и наместо да се лечам , јас избегнивам да сум присутен. Ти си брат во денот, но ноќта е чудно постојание, во која ти сосема исчезнуваш. Мислам дека некој од нас е измислен, и се плашам дека тоа си Ти. Помислата дека јас сум нечиј приказ ми ја олеснува замислата од сеништа.

Ама, не бива, ете нејќе оти јас, вкусувам се што е пред мене. Денеска пробав чудесно растение, ми ги сотре градите и не дишев, молчев. Сонував имресии на Принц, а тој пустиот – попуст и од мене и од тебе. Ете, помалку да ни е грижа, неприметеноста не е пострашна од лажниот идол.

Рамен како спокојот и толку. Толку малку, како глуварче и флуросцентна имагинација на Супернова. Повикај го Рацин, повикај го слободно. Ама пуст срам, пусто незнаење. Прости ми Рацин, прости ми, за секој атом од твоето постоење, и се што остана да е во Мугрите, јасно а толку замаглено. Се е во муграта, ама јас сум во залезот, толку остарен во вторта деценија.

Знаеш, денеска Него го прашав, како и секој ден, само него. Огледало и под, се друго во таа сушност е рефлексија. Замислата ме плаши, дека некогаш ќе бидам соочен со вистината. Попусто, пустина, а планини, што друго да праша човек без очи, уста и уши, освен – кој сум?

Текст и фотографија: Вероника Камчевска