102
Колоната граѓани што вечерва протестираат во Скопје пристигнаа пред зградата на Владата на РМ. Претходно демонстрантите фрлаа балони со боја врз Кривичниот суд бидејќи, како што велат, се штитат криминалците.
Зградата на Основниот суд Скопје 1,беше чуван од силен полициски кордон.Со тоа сакаа да укажат на основниот проблем, македонското судство е партизирано. Граѓаните како и претходните денови бараат оставка на Иванов и повлекување на аболицијата, бараат и одложување на изборите на закажани за 5-ти јуни.
На крајот протестот заврши вообичаено пред Владата на РМ.