(ВИДЕО+ФОТО) Големо невреме во Бања Лука: Ветер корнел дрвја, потопен градскиот мост!

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 

oluja-banjaluka-1462301133-898543 (1)

Силна бура го зафати главниот град на Република Српска вечерва.

 

Во предградието на Бања Лука, Залужани и во Трна силен ветер корнел дрвја. Повеќето дрвја биле искорнети, нивните корени видливи на почвата.
Водата го поплави и бањалучкиот градски мост. На градскиот мост во Бања Лука се излива водата што излегува од шахтите од атмосферската канализација, поради што сообраќајот во градот се одвива отежнато.

foto mojkontakt. com

 

Поплавени се цели сообраќајници, а поради честите поминувања на возилата водата се прелива на тротоарот. Хиролозите предупредуваат на пораст на нивото на водата и можно активирање на одрони и лизгање на земјиштето.