Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии денес објави проспекти за нова аукција по која не доспеваат долгови за враќање. Министерството за финансии побарува нови 9.4 милиони евра, од кои 8.1 милион евра се побаруваат преку 3-месечни државни записи со евро клаузула и зголемена каматна стапка.

kire-naumov

По зголемувањето на каматата на благајничките записи од страна на НБРМ во текот на вчерашниот ден, денес и Министерството за финансии преку објавување на проспект за аукција на 3-месечни државни записи со девизна клаузула и повисока каматна стапка, дополнително долева масло на огнот околу пореметувањата на девизниот пазар кои се од шпекулативна природа.

НБРМ го “затега ременот”- ја зголеми каматната стапка на благајничките записи

Доколку постои искрен пристап за надминување на моменталната ситуација, а не желба за разгорување и пролонгирање на недовербата меѓу граѓаните, со цел прибирање на политички поени преку редовно наоѓање на кривци секаде, само не во своите редови, ниту Гувернерот Богов ќе ја подигнеше каматата на благајничките записи, ниту Министерот Ставрески ќе распишеше аукција со девизна клаузула.

Очигледен е обидот заради остварување на ситни политички поени и индивидуални финансиски интереси, оваа моментална состојба на девизниот пазар да се пролонгира, дури и по цена и товар на идните генерации.

Слични содржини