Само ВМРО ДПМНЕ достави листа со предлози за членови на избирачките одбори до ДИК

од desk3
105 прегледи

Пред истекот на законските рокови, само ВМРО ДПМНЕ достави листа со предлози за членови на избирачките одбори. Единствено само СДСМ ќе ги бојкотира изборите,а ДУИ и ДПА се уште молчат околу тоа дали ќе делегираат свои претставници.

vmro-dpmne-soopstenie-520x320
Партиите кои ќе учстевуваат на изборите ќе мора да ги достават до полноќ. ДИК ги информирала општинските изборни комисии дека во текот на денот треба постојано да бидат на располагање и да ги чекаат предлозите.
Комисиите треба да проверат дали предложените кандидати ги исполнуваат условите предвидени во Изборниот законик и листата со предлози да ја достават до ДИК.

Според роковникот на ДИК, политичките партии се должни да ги достават листите за пратеници најдоцна до 11 мај.

Изборната кампања почнува на 16 мај, а завршува на 3 јуни.

Вчера, пак, беше последниот ден за собирање потписи за предлог на листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од група избирачи за изборите на 5 јуни, но до подрачните одделенија на ДИК не пристигна ниту една листа.

Од ВМРО-ДПМНЕ сè уште стојат на ставот дека избори ќе се одржат по секоја цена на 5 јуни, СДСМ тврди дека ќе ги бојкотира, а ДУИ и ДПА тактизираат и не даваат прецизен одговор.