Повеќе од 10 000 луѓе започнаа кампања на Твитер со барање на принцезата Елса од анимираниот хит “Замрзнатото Кралство” да стане првата хероина на “Дизни”, која наместо принцот ќе има принцеза.
Филмот, кој излезе во кината во 2013 година жнее огромни успеси, а неговите главни ликови Елса, Ана, Олаф и Кристоф станаа најспродавани анимирани лица во 2014 и 2015 година, пишува британскиот весник “Гардијан”.
Иницијатор на кампањата е Алексис Изабел, која прва минатата недела креираше хаштаг “Дајте ѝ на Елса девојка” (#GiveElsaGirlfriend). Хаштагот е споделуван и во другите социјални мрежи, во кои обожавателите на снимката инсистираат на првата “геј хероина” на Дизни.
Наградената со “Оскар” за песна на анимацијата “Let it go”, во која Елса пее за својата слобода е прифатена како метафора од геј заедницата, пишува уште “Гардијан”. Весникот посочува дека “Замрзнатото Кралство” освои толку многу обожаватели поради нетипичната за приказните сценарија. Во филмот акцентот е ставен на односот помеѓу две сестри, а не меѓу принцот и принцезата.