Страв од млечна криза кај точарите од источниот регион поради болеста јазлеста кожа.
Како што информираат дел од сточарите, млекарниците од источниот регион одбиваат да купуваат млеко од заразени крави, додека се чекаат вакцините од агенцијата за храна и ветеринарство кои би требало да пристигнат утре.

Од агенцијата соопштија дека млекото може да се откупува само ако е од фарми каде нема заболени говеда. Според проценките, со „јазлеста кожа“ може да се заразат околу 3.000 животни. Досега оваа болест е регистрирана во осум општини низ земјава, повеќето во истичниот регион.